Tрикратниот светски шампион Макс Ферстапен оваа сезона доминираше со неговиот Ред Бул и титулата ја обезбеди неколку трки пред крајот на сезоната.
Како награда за одличното возење има и најголема плата во Формула 1. Ферстапен заработува 55 милиони долари основна плата и далеку на втората позиција зад него седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон со 35 милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зад нив во топ пет се уште Шарл Леклер, потоа Ландо Норис и Фернандо Алонсо. Вториот возач на Ферари Карлос Саинц добива двојно помалку од Леклер односно 12 милиони долари.
Во топ 10 се уште: Серхио Перез и Валтери Ботас со по 10 милиони долари, Џорџ Расел добива осум милиони, а Естебан Окон околу шест милиони долари.