Дали Пеп Гвардиола ќе го следи примерот на Карло Анчелоти и ќе се обиде да ги освои шампионските титули во сите пет најдобри лиги? Вакво сценарио навести како гостин во програма.
Колку и да им пречи на некои фудбалски фанови, Гвардиола го направи Манчестер Сити европски гигант откако минатата сезона ја освои тројната круна.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Во изминатите неколку години Јувентус беше рамо до рамо со елитата на Стариот континент, но со појавата на пандемијата на коронавирус дојде до голем пад, па „Бјанконерите“ оваа сезона не играат ниту во натпреварувањата на УЕФА.
Токму Гвардиола ја отвори можноста да ги преземе „Бјанконерите“ во наредниот период. Сценарио со кое сигурно би се согласиле сите фанови на Старата дама.
Гостувајќи на една конференција, Гвардиола беше запрашан дали некогаш ќе го тренира Јувентус. Како одговор, тој рече дека нема да има ништо против да работи во Италија, земја која сака да ја посети.
„Никогаш не ме прашаа, но храната е навистина добра во Италија, многу ми се допаѓа. Често одам на одмор таму“, изјави трофејниот специјалист.
Навивачите на Јувентус се многу незадоволни од стилот на игра кој го преферира Масимилијано Алегри, натпреварите обично се тешки за гледање, поради што често повикуваат на негово заминување од клупата.
Договорот на Гвардиола со Граѓаните истекува во летото 2025 година. Овој тренер досега беше шампион во Шпанија (Барселона), Германија (Баерн) и Англија (Манчестер Сити). Дали Италија е следната станица? Ќе дознаеме многу наскоро…