Голем кикс на актуелниот шампион на Шпанија во деветтото коло. Барселона освои само бод (2:2) против претпоследната Гранада. Во натпревар полн со возбудувања и пресврти, домашните по само половина час поведоа со 2:0 со головите на Брајан Сарагоса Мартинез.
Сепак, Барселона се врати во 85. минута со головите на Ламине Јамал и Серхио Роберто. Таа потоа постигна гол за чудесен пресврт и победа.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Во третата минута од судиското надополнување, Жоао Кансело нафрли од левата страна, а неговиот сонародник Феликс погоди пред голот. Фудбалерите и клупата на Барселона еуфорично го прославуваа голот за неверојатен пресврт и важна победа, но судијата Цезар Сото набрзо нивното задоволство го претвори во гнев.
Тој го поништи голот, објаснувајќи дека напаѓачот на Барса, Феран Торес, влијаел на играта со тоа што скокнал на центаршут и ги привлекувал играчите на Гранада кон себе. Секако, ова објаснување не ги задоволи навивачите на Барселона.
Голот на Барселона погледнете го ТУКА
„Добро, Феран влијаеше на играта, но не знаеме како. На кого влијаеше? Мислам дека тоа е глупост. Без разлика дали скокнал или не, топката завршила на истото место и на истиот човек – Жоао Феликс кој постигна гол“, коментираше по натпреварот тренерот на Барселона, Чави.