Светската фудбалска федерација, ФИФА објави дека Аргентина, Уругвај и Парагвај, заедно со главните домаќини на СП 2030, Мароко, Шпанија и Португалија ќе имаат обезбеден пласман на Мундијалот.
Турнирот на кој ќе има 48 репрезентации ќе започне со шест автоматски квалификувани учесници, нешто што досега се нема случено никогаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директното учество на Мароко, Шпанија и Португалија е потврдено, но на големо е најавено дека тоа ќе биде случај и со трите јужноамерикански селекции.
Причината е што поради јубилејот 100 години од првиот Мундијал кој се одржа во Уругвај натпревари ќе се играат и во овие три земји. Кога во прашање се пласманите на овие земји, Аргентина нема пропуштено учество од 1974, Уругвај од 2010, додека
Парагвај не играше на последните три Светски првенства, последен пат играа во 2010 и стигнаа до четвртфиналето.