Дома Фудбал Гвардиола воодушевен од 18-годишното чудо: Тој е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал!

Гвардиола воодушевен од 18-годишното чудо: Тој е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал!

Мaнчестер Сити го победи РБ Лајпциг на гостински терен во второто коло од Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола направи интересен состав во кој остави неколку стандардни играчи на клупата, па меѓу другите шанса од првата минута доби и 18-годишниот Рико Луис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гвардиола минатата сезона почна да му дава минути на Луис и најчесто го користеше на дефанзивните позиции.

Сепак, во Лајпциг реши да го смести во средниот ред покрај Родриго, а младиот репрезентативец на Англија го воодушеви својот тренер. Во изјавата по натпреварот, Гвардиола го пофали Луис.

„Каков играч… Леле! Неверојатен, извонреден играч. Има само 18 години, но има силна личност, може да игра на четири или пет позиции, не се плаши, игра многу добро во одбраната… Фантастично. Јас сум тренер 15 години, тренирав неверојатни играчи, но да се најде играч како него кој знае да влезе во празниот простор, во просторот помеѓу… Тој е убедливо еден од најдобрите кои сум ги тренирал“, изјави Пеп.

Луис во ноември ќе наполни 19 години. Тој дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити во август минатата година и досега има 29 настапи, од кои 19 беше во стартниот тим. Пред два месеци тој го продолжи договорот со Сити до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…