Дома Фудбал Останато Ужас: Легенда на српскиот фудбал доживеал мозочен удар!

Ужас: Легенда на српскиот фудбал доживеал мозочен удар!

Прославениот фудбалер на Партизан и поранешен репрезентативец на Југославија, Џевад Прекази доживеал мозочен удар и итно е хоспитализиран во болницата во Белград.

На Прекази му се слошило во близина на Копаоник каде што има викендица и најбилските итно го пренеле во болница.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Според информациите на „Телеграф“, тој е стабилизиран, меѓутоа ќе му биде потребен надзор од докторите. Прекази во Партизан помина цели 10 години, две во јуниорска и осум во сениорска конкуренција.

Дресот на Партизан го носеше на 153 натпревари на кои постигна 19 голови, потоа играше уште и за Хајдук од Сплит. Добар дел од кариерата помина и во Галатасарај каде што играше шест години.

Во клубот од Истанбул одигра 185 натпревари постигнувајќи 40 голови. Треба да се спомене и дека беше прогласен за најдобар странец во историјата на Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Саутемптон испиша историја во Премиер лигата ама – негативна!

Фудбалерите на Саутемптон испишаа историја на англискиот фудбал бидејќи станаа тимот што н…