Дома Фудбал Натпреварот на Барселона под знак прашалник поради безбедносни причини

Натпреварот на Барселона под знак прашалник поради безбедносни причини

Одигрувањето на натпреварот помеѓу Барселона и Лас Палмас закажан за недела, 1. октомври е доведен во прашање.

Имено, како што пишуваат каталонските медиуми, постои можност натрпеварот кој е на распоред во недела од 16:15 часот да биде суспендиран поради безбедносни причини, бидејќи за недела е закажан референдум во оваа шпанска покраина. Власисте во Каталонија не можат да гарантираат за безбедноста на навивачите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денеска на пладне, ќе се знае дали овој натпревар ќе се одигра или не. Откако минатата недела полицијата заплени околку 10 милиони летоци, плакати и други материјали, шпанската влада е убедена дека во недела нема да има референдум, туку само јавни собири и протести на Каталонците кои бараат независност.

Каталонија, во која живеат 7.5 милиони луѓе е еден од најбогатите делови на Шпанија со свој јазик, а владата во Барселона повикува на самоопределување на народите.

Париите и десниот центар, кој се согласуваат со прогласување на република Каталонија, имаат мнозинство во регионалниот парламент и сметаат дека правото на граѓаните на изјаснување за својата иднина е над шпанскиот устав.

Шпанскиот устав, е во сила од 1978., кога во Шпанија е воведена демократија, даде автономија на провинции, но забрани одржување на референдум кој би можел да го загрози интегритетот на земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…