Дома Фудбал Италија Позната е тежината на повредата на Миралем Пјаниќ

Позната е тежината на повредата на Миралем Пјаниќ

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ се повреди за време на загревањето пред синоќешниот натпревар во ЛШ помеѓу Јувентус и Олимпијакос.

Пјаниќ требаше да биде во стартниот состав во тој дуел, но поради повредата на мускулот одлучено беше натпреварот да го започне од клупата. По натпреварот беше кажано дека повеќе работи околку неговата работа ќе бидат кажани утрово, а за среќа, првите утрински информации се позитивни.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Како што пренесува италијанскиот портал „webcalcio.net“, повредата на Пјаниќ не е сериозна и тој ќе биде потполно спремен за неколку дена. Сепак, поради претпазливост, Пјаниќ ќе го пропушти натпреварот во италијанската Серија А, каде што Јуве овој викенд гостува кај Аталанта.

Како што пренесува истиот извор, стручниот штаб на Јуве е свесен дека Пјаниќ го чека тежок и многу важен натпревар во дресот на репрезентацијата следниот викенд и токму поради тоа нема да настапи против Аталанта.

Потсетуваме, Јувентус синоќа со 2:0 го совлада Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…