Дома Фудбал Саки: Милан против Лацио ме потсети на тој од „златната ера“

Саки: Милан против Лацио ме потсети на тој од „златната ера“

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки особено го пофали Милан после победата во дербито против Лацио.

Саки е еден од најдобрите и најтрофејни тренери во историјата на миланскиот гигант, а вели дека на моменти овој Милан го потсетува на неговиот.

Милан против Лацио, посебно во второто полувреме беше на работ на перфекцијата.Беа организирани, агресивни и сите фудбалери си помагаа еден на друг.Топката постојано беше на теренот, немаше непотребни долги топки, сите линии беа добро поврзани. А, во вакви услови, дури и фудбалер како Леао даваше максимум и имаше одличен настап“.

„На моменти Милан потсетуваше на тој од „златната ера“, од мое време и воопшто не претерувам“, изјави Саки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го задржи Алисон, Бразилецот бара договор до 2029

Почнале разговори за продолжување на соработката со Алисон Бекер, чиј актуелен договор ист…