Дома Фудбал Лига на шампиони Синоќа никој не беше посреќен од Игуаин

Синоќа никој не беше посреќен од Игуаин

Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин синоќа го прекина еден од најдолгите постови во кариерата кога станува збор за постигнување на голови.

„Старата дама“ летото 2016. година го доведе Игуаин од Наполи за дури 90 милиони евра и очигледно дека навивачите на клубот од Торино не го трпат падот на формата на Аргентинецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој не постигна гол на последните четири натпревари, а пред тоа имаше многу проблеми. Сепак, синоќа погоди за водство против Олимпијакос во многу важниот натпревар од ЛШ, а подоцна Јувентус славеше со резултат од 2:0. Популарниот Пипита по натпреварот изјави дека ова бил еден од неговите омилени моменти во неговата кариера.

„Не чувствував притисок. Секогаш се чувствував слободно. Играм во Европа повеќе од 10 години и секогаш постигнував голем број на голови, па затоа не се чувствував вознемирено. Многу важна работа е да продолжите да работите во тишина. Тоа е начинот да го направите резултатот. Не бев оптеретен од критиките, се е во тоа да верувате во себе. Сега сите можат да зборуваат што сакаат, но оние кои навистина им е важно да стојат покрај тебе и кога работите не одат добро. Навивачите ми дадоја сила пред да влезам во игра и им благодарам. Ова беше еден од најдобрите моменти во мојата кариера“, изјави Игуаин по натпреварот.

Потсетуваме, Јуве по двете кола во групата Д има три бода, односно еднаков број на бодови како и Спортинг и три помалку од водечката Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…