Дома Фудбал Италија Mурињо: Не сум јас проблем, ја одбив најголемата понуда што ја добил еден тренер

Mурињо: Не сум јас проблем, ја одбив најголемата понуда што ја добил еден тренер

Eкипата на Рома очајно ја отвори сезоната и освои само пет од можните 18 бодови во Серија А, па Жозе Мурињо тргна во офанзива кон италијанските медиуми кои не штедеа критики кон него по дебаклот против Џенова (4:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Волчицата“ имаше возбудлив преоден рок, пристигнаа засилуваа како Ромелу Лукаку, Ренато Санлез, Леандро Паредес…Но, резултатите и играта не се како што се очекуваше.

„Јас не сум проблем. Едноставно не прифаќам бидејќи не е вистина“, изјави Мурињо.

Откри Мурињо дека ја одбил најголемата понуда во историјата која ја имал еден тренер.

„Ја добив најголемата понуда во историјата кога во прашање се тренерите. Ја одбивц затоа што дадов збор дека ќе останам во Рома.

Имам договор до летото наредната година и сакам да го одработам до крај. Само челниците на клубот имаат право да ми кажат дека сум го завршил своето пред истекот на договорот. Ако се прашувам јас, спремен сум да го одржам дадениот збор. Немам страв ниту од свирежи на навивачите“, истакна Мурињо.

Рома викендов ќе игра против Фросиноне, овој натпревар е закажан за утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Познатиот африкански фудбалер Јан Диоманде, кој имаше одлична дебитантска сезона во Бундес…