Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе ја исфрли ли УЕФА Барселона од Лигата на шампионите?

Ќе ја исфрли ли УЕФА Барселона од Лигата на шампионите?

Eкипата на Барселона се соочува со можност да биде исфрлена од Лигата на шампионите, по обвинувањата за мито и корупција во „случајот Негреира“.

УЕФА претходно најави дека нема да носи потези додека истрагата во Шпанија не биде завршена, а вчера беше објавена дека истрагата се завршила со обвинение за мито и корупција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барселона во период помеѓу 2001 и 2018 година исплатиле огромни 7.5 милиони евра на сметка на компаниите на Негреира кој во тоа време беше и потпретседател на Судиската комисија во Шпанија.

Клубот објаснуваше дека станува збор за консултантски услуги, меѓутоа истрагата покажала дека постојат сериозни сомневања дека Каталонците на тој начин си обезбедувале посебен статус кај судиите.

По една ваква ситуација, УЕФА може да започне сопствена истрага која бидејќи веќе има сомневања може да заврши со елиминација на Барселона од европските натпреварувања на одреден период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…