Дома Фудбал Светскиот шампион објави крај на кариерата, а три дена подоцна доби покана од Серија А

Светскиот шампион објави крај на кариерата, а три дена подоцна доби покана од Серија А

АЛЕХАНДРО ПАПУ ГОМЕЗ (35) остана без клуб откако на 1 септември го раскина договорот со Севиља.

Неодамна откри дека размислувал за крај на кариерата, но потоа добил повик од италијанскиот прволигаш.

Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се во прашање трансферите, пренесува дека Монца се согласила да го доведе аргентинскиот напаѓач откако се повреди Џанлука Капрари.

Веќе е договорен термин за лекарски преглед. По шест кола Монца има шест бода и се наоѓа на 15. место во Серија А.

„Ја чекам вистинската прилика, ако не дојде, ќе се збогувам. Вложив сè во фудбалот и не сакам да го завршам сето ова со горчлив вкус“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…