Олимпик Марсеј се споменува како нова работа на францускиот волшебник Зинедин Зидан, но под еден услов.
Неопходно е Саудијците да го купат клубот од Франк Мекорт кој го купи Марсеј пред седум години a тоа ќе биде исклучително тежок потег.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сепак, ако се вратиме на летниот преоден рок, видовме дека Саудијците воопшто не штедат пари, па купија десетици светски фудбалски ѕвезди.
Планот на саудиските инвеститори е Марсеј наскоро да стане како англискиот Њукасл и да биде конкурентен во Лигата на шампионите, но и да го направи најскапиот клуб во Франција и со тоа да го прекине владеењето на ПСЖ.
За сето тоа им треба Зинедин Зидан, кој им даде амин на богатите шеици дека ќе седне на клупата на тимот од родниот град доколку клубот е нивен.
Интересно, доколку Зидан стане тренер на тимот од југот на Франција, тоа би бил нивниот прв „контакт“, бидејќи поранешната десетка на Реал никогаш не играла за Олимпик.
Професионалната кариера ја започна во Кан, од каде замина во Бордо, па во Јувентус, додека најубавите моменти од играњето ги живееше во Реал.