Дома Фудбал Шпанската полиција ја „тресеше“ Федеарацијата поради Барселона

Шпанската полиција ја „тресеше“ Федеарацијата поради Барселона

Шпанската полиција изврши претрес во просториите на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) како дел од судската истрага за наводната повеќегодишна исплата на милиони евра, кои Барселона му ги платила на потпретседателот на Судискиот комитет, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Постои сомневање дека имало системска корупција од страна на Барселона, за „активен поткуп“ на членовите на судискиот комитет во последните две децении.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Утрово од Шпанија пристигна информација дека Барселона ќе одговара за поткуп. Наводно, ова го изјавил судијата кој го води случајот, тој е убеден дека исплатите се криминал.

Освен Барселона како клуб, како физички лица ќе одговараат и поранешните претседател Жозе Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и Енрикез Негреира и неговиот син Хавиер Енрикез Ромеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…