Taкефуса Кубо (22) одличното крило на Реал Сосиедад и репрезентацијата на Јапонија игра одлично во Ла Лига и покажа дека Реал Мадрид, лесно се откажал од него, претходно тоа го направи и Барселона.
Во првите четири натпревари од Ла Лига во новата сезона, Кубо постигна три и намести еден гол. Баскискиот клуб го купи од Реал Мадрид минатата година за 6.5 милиони евра, а против Реал Мадрид покажа зошто се проценува и на четири пати поголема цена. Вкупно во Ла Лига има 19 голови и 15 асистенции.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Но, авантурата во Шпанија за Кубо започна пред 12 години во Барселона. Три ипол години беше во познатата „Ла Масија“, а како што самиот кажува таму поминал низ вистински пекол.
„Кога наполнив 10 години, Барселона ме повика во „Ла Масија“. Пробата успешно ја поминав. Бев пресреќен и по секоја цена сакав да одам во „Ла Масија“. Дури подоцна сфатив дека тоа не е вистинското место за мене“.
„Бев најнизок во соблекувалната, многу ме исмејуваа и ме гледаа „од високо“. Се плашев дека нема да успеам. Давав се од себе да не ме малтретираат, но не можев премногу да се бранам бидејќи бев пренизок. Поголемите момци ми удираа шлаканици, не сакам да зборувам за тоа опкружување, беше ужасно“, изјави Кубо.