Дома Топ вести Големиот Шевченко во нова улога – стана политичар!

Големиот Шевченко во нова улога – стана политичар!

Легендарниот напаѓач Андреј Шевченко кој беше и тренер на Украина влезе во политиката и во иднина ќе биде помошник на претседателот на државата, Володимир Зеленски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шевченко имаше голема кариера како фудбалер, блескаше во Динамо Киев и Милан, а откако ја заврши кариерата беше и селектор. Од кабинетот на првиот човек на Украина потврдија дека екс-голгетерот ќе има советничка функција, но повеќе детали не се откриваат.

По завршувањето на кариерата, Шевченко беше и селектор и ја водеше Украина токму во натпреварот против Македонија на Европското првенство на кое стигнаа до четвртфиналето.

Во овој момент селектор на Украина е Сергеј Ребров кој ќе ги води Украинците во нов натпревар против нас на 14. октомври во Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатни детали: Никој во Германија не сакал да го шутира последниот пенал! (Видео)

Џонатан Тах стана трагичар на Германија откако промаши клучен пенал во натпреварот против …