Дома Фудбал ВИДЕО Голем кикс на Барселона. Ги уништи косовската легенда

ВИДЕО Голем кикс на Барселона. Ги уништи косовската легенда

Барселона гостуваше кај Мајорка во седмото коло од Ла Лига. Се очекуваше лесна победа, но каталонскиот клуб успеа само да дојде до бод откако двапати губеше.

Во последното коло славеше против Селта во спектакуларен пресврт, но Барселона двапати по ред не успеа да го постигне истиот подвиг.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Првиот гол на натпреварот беше голема грешка на голманот на Барселона. Се играше осмата минута, топката му се врати на голманот Марк Тер Штеген кој не беше нападнат од никој и имаше неколку опции.

Но, тој направи необјаснива грешка и му ја предаде топката на противникот. Антонио Санчез гја прими, му додаде на косовскиот напаѓач Ведат Муриќи, кој погоди за водство. Тоа беше негов трет првенствен гол во сезоната.

На 1:1 израмни бразилското крило Рафиња кој постигна прекрасен гол со левата нога од 25 метри. Се чинеше дека Каталонците ќе го свртат натпреварот во своја полза.

Но, на крајот од полувремето нов шок. Овојпат Муриќи се најде во улога на асистент а стрелец беше Абдон Пратс.

Барселона продолжи да го крши гостинскиот блок. Тоа и успеа во 75. минута кога во одлична акција Каталонците преку младиот Фермин Лопез дојдоа до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англиски фан стана хит: Се заглави во ротирачката врата на стадионот во Тирана (Видео)

Англиски фан се најде во необична ситуација кога се заглави во ротирачката врата на стадио…