Дома Фудбал Останато „Јас дојдов поради пари во Саудиска Арабија, но не разбирам зошто Роналдо е тука“

„Јас дојдов поради пари во Саудиска Арабија, но не разбирам зошто Роналдо е тука“

Aвстрискиот интернационалец, Срѓан Спиридоновиќ призна дека во Саудиска Арабија се преселил да заработи повеќе, но не го разбира потегот на Кристијано Роналдо.

Во летото кое е зад нас голем број на фудбалери ја заменија Европа со Арапскиот полуостров. Дел од фудбалерите беа искрени и си признаа дела главната причина за преселбата во оваа земја се финансиите, додека други зборуваа за проекти и нови предизвици.

„Ако сакате да ја замените вашата кариера за повеќе пари, Саудиска Арабија е вистинското место. Но, не го разбирам Кристијано Роналдо. Во животот заработи премногу пари и сега дојде тука по уште, на негово место сигурно би живеел некаде на друга локација во светот“, изјави Спиридоовиќ.

Инаку, Спиридоновиќ игра во втората лига во редовите на Хаџер и има плата од околу 500.000 долари по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…