Дома Фудбал Гвардиола: Не го критикувајте Халанд, ќе мора да се извините подоцна

Гвардиола: Не го критикувајте Халанд, ќе мора да се извините подоцна

Манчестер Сити ќе му гостува на Нотингем Форест во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата. Менаџерот на бранителот на титулата во англискиот шампионат, Пеп Гвардиола го најави натпреварот со осврт на формата на Ерлинг Халанд.

Норвешкиот напаѓач досега постигна седум првенствени голови и е водечки стрелец во првенството.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поради реализацијата на неговите можности кои оваа сезона изнесува 29 отсто, додека во истиот период минатата сезона беше 60 отсто, некои почнаа да го критикуваат одличниот 23-годишен стрелец. Гвардиола го брани.

“Тој имаше големи шанси и можеше да постигне 14 или 15 гола. Тоа значи дека играме добро. Судам како игра тимот гледајќи колку шанси имаше Ерлинг. Ако не е вклучен во шансата, тоа значи дека нешто е погрешно со динамиката и процесот во нашата игра“, изјави Гвардиола.

„Ве советувам да не го критикувате премногу. Критикувајте ги одбранбените играчи, стоперите или тренерот, но никогаш напаѓачот кој постигнува голови затоа што ќе даде гол и ќе ве стави во позиција да треба да му се извините“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…