Стоперот на Англија, Хари Мегваер повторно имаше кикс во пријателскиот натпревар против Шкотска во кој си постигна автогол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ривалот на Англија немаше удар кон голот, а тогаш дефанзивецот на Јунајтед си постигн автогол. Селекторот на Англија сега им возврати на критичарите.
„Мегваер одигра одлично со Украина претходно, реакцијата е последица на идиотите надвор од тимот кои го критикуваат и направија една таква атмосфера. Одлично е што нашите навивачи го бранат.
Им правием проблеми на своите играчи. Некои статии, некои коментари на исмејување…Ги разбирам Шкотите кои се забавуваа, но тоа што ние си го правиме е смешно и бизарно. Оставете го на мира Хари“, изјави Саутгејт.