Јувентус во овој период се соочува со повеќе проблеми, а по позитивниот допинг тест на Пол Погба сега се најавува дека Леонардо Бонучи ќе поднесе тужба против својот поранешен клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бонучи имаше желба да остане во Јувентус, но тренерот Алегри го отпиша пред почетокот на сезоната, па беше принуден да ја промени средината. Кариерата искусниот дефанзивец ја продолжи во Германија во Унион Берлин.
Сега Бонучи поднесе тужба сметајќи дека Јувентус му го нарушил професионалниот имиџ. Евентуалната оштета ако ја добие, Бонучи најави дека ќе ја донира во хуманитарна организација во Торино.