Група навивачи на Њукасл протестираа пред стадионот „Сент Џејмс Парк“ поради тоа што стадионот на овој клуб се користи за натпревари на репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Саудијците одиграа натпревар против Костарика кој го загубија со 1:3, а во вторник ќе се сретнат и со Јужна Кореја исто така во пријателски натпревари.
Како што е познато Њукасл е во сопственост на саудискиот инвестиционен фонд, па така е овозможено токму на стадионот на премиерлигашот да игра оваа репрезентација.
Тоа не им се допаѓа на одредени кругови на навивачите на Њукасл кои протестот го истакнаа со протести пред стадионот пред натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Костарика.