Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети на пресконференцијата пред мечот со Македонија посебно го пофали Елмас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Спалети откри дека имале одлични односи во Наполи и дека го гледа како син, но основна цел на неговата селекција е победа во Скопје.
„Елмас ми е како син, со него го освоивме Скудетото на еден прекрасен начин. Во Наполи секогаш можев да се потпрам на него и да ги користам неговите квалитети. Сигурно дека утре силно ќе се прегнеме и во тие моменти сигурно ќе имам големи емоции. Елиф е исклучителен играч кој добро ги познава своите соиграчи“, изјави Спалети.
„Ќе се обидеме да бидеме тим, со тимски дух да го одиграме натпреварот против Македонија. Сакам да бидеме креативни, да играме квалитетен фудбал и да ги направиме сите Италијанци емотивни. Утре сакаме да победиме“, додаде Спалети.