Трансфер пазарот во Саудиска Арабија се уште е отворен, а богатите клубовите се обидуваат да доведат уште некоја ѕвезда ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубовите од Саудиска Арабија направија вистински „бум“ на трансфер пазарот, доведоа многу фудбалски ѕвезди, а најнова мета е Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.
Санчо не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“ и во последните натпревари беше изоставен од тренерот Тен Хаг.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат саудиските клубови, кои спремиле богата понуда до играчот и до Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, уште денес и утре е отворен во Саудиска Арабија и тешко дека ќе може да биде комплетиран вака голем трансфер.