Дома Топ вести Oфицијално: Хуан Мата има нов клуб

Oфицијално: Хуан Мата има нов клуб

Шпанецот Хуан Мата официјално беше претставен како ново засилување за јапонскиот Висел Кобе во јапонската Џеј-лига.

Мата така тргнува по стапките на Андрес Иниеста кој по Барселона се пресели во овој клуб и беше пречекан како вистинска ѕвезда. Кариерата Мата ја започна во Реал Мадрид Кастиља, потоа играше за Валенсија, па долг престој на Островот во Челзи и Манчестер Јунајтед, додека последната сезона ја помина во дресот на Галатасарај.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Успеа во кариерата да освои 10 трофеи, а најголеми секако се Лигата на шампионите во клупскиот фудбал и на репрезентативен план Мундијалот во 2010 и Европското првенство во 2012.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…