Дома Топ вести ПСЖ не се откажува, спреми нова понуда за Коло Муани

ПСЖ не се откажува, спреми нова понуда за Коло Муани

ПСЖ спрема нова понуда за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.

Раководството смета дека Коло Муани ќе биде идеално засилување за нападот после заминувањето на Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Светците“ веќе почнаа да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата, но Ајнтрахт ја одби првата понуда од 80 милиони евра.

Ајнтрахт сака да добие 100 милиони евра за својата ѕвезда. Преговорите помеѓу двата клуба се интензивираат, а новата понуда на ПСЖ е 65 милиони евра плус услугите на Уго Екитике.

Екитике минатото лето беше купен за 30 милиони евра, а Ајнтрахт во него гледа идеална замена за Муани и е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…