Повеќе нема дилеми, Бенџамин Павар ќе биде првото засилување за Интер откако Баерн конечно се согласи да даде зелено светсло за трансферот.
Подолго време Павар притискаше Баерн да го пушти, па во последните денови воопшто и не тренираше. Германските медиуми пишуваа дека Павар е првиот играч во историјата на германскиот гигант кој се одлучил на штрајк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да се пресели во Интер, Павар го одби Манчестер Јунајтед. Според најавите договорот кој ќе го потпише со „нероаѕурите“ ќе биде со важност од четири сезони. Meдицинските прегледи се закажани за во текот на утрешниот ден.
Финансиските детали се уште не се откриваат.
Benjamin Pavard will land in Milano later today, medical tests on Wednesday — plan confirmed. ⚫️🔵🛩️ #Inter https://t.co/8FgSMUxCti
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 29, 2023