Дома Фудбал Што правеше играчот од 127 милиони евра додека неговата екипа водеше 7:0?

Што правеше играчот од 127 милиони евра додека неговата екипа водеше 7:0?

Жоао Феликс не е во плановите на Чоло Симеоне во Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред четири години Атлетико го купи за 127 милиони евра од Бенфика, но Португалецот никако не успеа да се наметне. Минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи кој не сакаше да го откупи. Потоа Феликс се понуди на Барселона, но ниту Каталонците не беа спремни да го доведат.

Феликс и понатаму е во редовите на Атлетико, меѓутоа сезонава не одиграл ниту една секунда. Колку е очаен најдобро можеше да се види во вчерашната победа на Атлетико против Рајо Ваљекано од 7:0 во третото коло од Примера.

Португалецот целиот меч го преседе на клупата за резерви и воопшто не изгледаше среќно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …