Наполи пред неколку дена одби понуда од Лајпциг вредна околу 30 милиони за услугите на Елиф Елмас, а ваквата ситуација барем според пишувањето на „Газета“ направила мал хаос.
Наводно, Фали Рамадани му се заканил на Де Лаурентис дека Елмас нема да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2025. Причината е одбивањето на понудата во ситуација кога Елмас доби само по 10-15 минути во првите две кола со новиот тренер Руди Гарсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лајпциг беше спремен веднаш да плати 30 милиони евра, но Наполи одби и тоа предизвикало револт кај менаџерот на македонскиот фудбалер, Рамадани. Тој и се заканил дека Елмас нема да остане по 2025 година“, објави „Газета“
Освен што Елмас добива мала минутажа, во текот на вчерашниот ден се појавија и информација дека Наполи е блиску до договор Јаспер Линдстром од Ајнтрахт кој игра на позицијата на Елмас, па така просторот на нашиот репрезентативец дополнително би се намалил. (TУКА)