Ситуацијата на Елиф Елмас во Наполи како да станува комплицирана, Наполи не сака да го пушти и одбива понуди вредни и 30 милиони евра, но од друга страна сака да доведе фудбалер на неговата позиција.
Во првите две кола Елмас кај Руди Гарсија добиваше само по 10-15 минути, па со доведувањето на нов фудбалер конкуренција би била уште поголема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најавите Наполи го договорил трансферот на Јеспер Линдстром, данскиот фудбалер кој го носи дресот на Ајнтрахт.
Линдстром е 23-годишен фудбалер кој минатата година одигра 27 натпревари во Бундеслигата за Ајнтрахт. Наполи за неговата позајмица ќе плати пет милиони евра, меѓутоа во договорот ќе има и задолжителна клазула за откуп наредното лето за дополнителни 20 милиони евра.
Засега не е познато дали кога трансферот на Линдстром ќе се официјализира, Елмас би добил слобода да бара нова средина каде што би имал поголема минутажа.