Дома Фудбал Германија Ноер за прпват тренираше по тешката повреда: Кога се враќа на терените?

Ноер за прпват тренираше по тешката повреда: Кога се враќа на терените?

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер денес тренираше со останатите голмани во екипата, првпат откако ја скрши ногата на скијање во декември.

Баерн објави дека 37-годишниот голман одработил тренинг со колегите и направи чекор напред во враќањето на теренот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Шампионот на Бунедслигата не наведе за каков вид на тренинг станувало збор, ниту кога Ноер ќе биде спремен. Последен пат Ноер бранеше за Германија на 1. декември на Светското првенство.

Во првите три натпревари на Баерн во сезоната на голот беше Свен Улрајх, долгогодишната замена за Ноер. На тренингот присуствувал и засилувањето Даниел Перец кој пристигна од Макаби Тел Авив.

Извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен наведе дека клубот се обидел да го доведе Кепа Аризабалага, но тој одлучил да продолжи во Реал Мадрид по заминувањето од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Напол беесни: Невозможно е 33 камери да не забележаа што направи Алегри

Полуфиналниот дуел од Италијанскиот Суперкуп што се одигра во Ријад, заврши со победа на Н…