Дома Фудбал Англија Изненадување: Ал Ахли и Алиоски ја раскинаа соработката!

Изненадување: Ал Ахли и Алиоски ја раскинаа соработката!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој летово се врати во Ал Ахли од Фенербахче по три натпревари во саудискиот клуб повеќе не е дел од него.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алиоски и Ал Ахли ја прекинале соработката и македонскиот репрезентативец сега ќе бара нов клуб. Заминувањето на Алиоски е сосема неочекувано затоа што во првите три натпревари Алиоски беше стандарден и играше 90 минути, запиша и една асистенција.

Но, причината е доаѓањето на младиот Габри Виега и ограничениот број на странци во тимот. Саудиската лигa дозволува осум странски фудбалери, а со доаѓањето на Виега, Алиоски е означен како вишок.

Ал Ахли е еден од саудските клубови кој доведе познати имиња летово од Европа во овој клуб настапуваат: Фирмино, Ријад Марез, Франк Кеси, Роџер Ибањез, Едуард Менди…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…