Дома Трансфер зона Тензии во Неапол поради Елмас: Рамадани му се налутил на Де Лаурентис?

Тензии во Неапол поради Елмас: Рамадани му се налутил на Де Лаурентис?

Тензична е атмосферата во Неапол, откако претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одби да го продаде Елиф Елмас за 30 милиони евра во бундеслигашот Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми утрово пишуваат дека менаџерот на Елмас, Фали Рамадани му се налутил на Де Лаурентис затоа што одбил да му дозволи на македонскиот репрезентативец да преговара со Лајпциг.

Рамадани наводно се заканил дека Елмас нема да потпише договор со Наполи по 2025 година, па во следниот период се очекуваат преговори меѓу двете страни за да се надмине проблемот.

Де Лаурентис и претходно одби да го продаде Елмас, но тогаш доби понуда од 30 милиони евра од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…