Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Тиери Анри смета дека единствениот напаѓач од светска класа во Премиер лигата е Серхио Агуеро.
Легендарниот Французин тврди дека Алваро Мората, Хари Кејн и Ромелу Лукаку уште не се стигнати до тоа ниво, иако имаат феноменална статистика.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Агуеро бил, е и ќе биде светска класа поради сѐ што направи во Премиер лигата, од година во година. Ја освои Премиер лигата, играше во финалето на Светското првенство, константен е со години и поради тоа мора да го почитувате. Мислам дека понекогаш забораваме на Агуеро како да не е играч од светска класа, но неговата статистика покажува дека тој е всушност најдобар“, изјави Анри.
„Останатите тројца може да станат играчи од светска класа, ама уште не се. Лукаку само што стигна во Манчестер Јунајтед и уште нема играно во Лига на шампиони. Кејн во оваа лига играше кратко, а Мората во Челзи стигна како резервен напаѓач од Реал Мадрид“, заклучи Французинот.
Агуеро, Мората и Лукаку по првите шест кола во Премиер лигата постигнаа шест погодоци, а Кејн е веднаш зад нив со четири гола.