Португалецот, Бернардо Силва оваа недела потпиша нов договор со Манчестер Сити кој има важност до 2026 година, меѓутоа во неговиот договор има и откупна клазула.
Имено, во договорот помеѓу Сити и Силва има клазула во износ од 58 милиони евра. Летово Силва се поврзуваше со ПСЖ и Барселона, но на крајот се одлучи да ја продолжи соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сумата од 58 милиони евра со денешните услови на трансфер пазарот и не е некоја преголема, па лесно може да се случи Португалецот да замине.
Силва минатата сезона беше еден од најстандардните во составот на Гвардиола, а посебно се истакна во финишот од сезоната.