Дома Фудбал Италија Јувентус и официјално го „отпиша“ капитенот

Јувентус и официјално го „отпиша“ капитенот

Јувентус и официјално потврди дека не смета на капитенот Леонардо Бонучи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


36-годишниот италијански одбранбен фудбалер не се најде на списокот играчи на кои тренерот Алегри ќе смета за новата сезона.

Бонучи во минатата сезона се мачеше со повреди и одигра 26 натпревари во кои собра 1.517 минути. Се уште не е познато дали Јувентус во овој момент има договорено трансфер на Бонучи.

Договорот на Бонучи со „старата дама“ истекува следното лето, а во овој момент е капитен на Италија со која во 2021 година го освои Европското првенство.

Во Јувентус пристигна во 2010. година од Бари за 15.5 милиони евра и набрзо прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Имаше Бонучи кратка епизода во Милан во сезоната 2017/2018, но потоа се врати во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…