Дома Фудбал Aтина како во воена состојба пред вечерашниот натпревар на АЕК и Динамо

Aтина како во воена состојба пред вечерашниот натпревар на АЕК и Динамо

AEK и Динамо вечерва од 20:45 часот во Атина го играат реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а пред овој натпревар во Грција безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво.

Безбедносните служби во Грција не сакаат ништо да препуштат на случајноста поради нередите кои се случија претходно, а во кои животот го загуби 29. годишниот навивач Михалис.

Медиумите пренесуваат дека на граничните преми кон Грција има застој затоа што се детално се проверува, а посебно кога во прашање се хрватски државјани. На стадионот вечерва грчките медиуми пишуваат дека ќе бидат присутни над илјада полицајци, а ќе се ангажираат и хеликоптери и дронови кои ќе го надлетуваат стадионот.

Вратите на стадионот ќе се отворат дури три часа пред почетокот на натпреварот и се очекува на трибините да има околу 30.000 навивачи. Првиот натпревар во Загреб заврши со победа на АЕК од 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн на испит во Мадрид, Барселона против перфектната Астон Вила

Четвртото коло во Лигата на шампионите носи девет натпревари, со Атлетико – Баерн и Барсел…