Француската легенда Тијери Анри ќе биде нов селектор на француската репрезентација до 21 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот голгетер во досегашната кариера како тренер двапати беше помошник на Роберто Мартинез во Белгија, а имаше и кратка неуспешна епизода во Монако. Сега француската федерација ќе му ја даде довербата да ги води младите фудбалери.
Се уште не е официјално потврдено, но според информациите на голем дел од медиумите, Анри веќе се договорил и во ФФФ веруваат дека тој е најдоброто решение во овој момент.
Наскоро се би требало да биде и официјално потврдено.