Поранешниот репрезентативец на Македонија, Андријан Цуцули се врати во редовите на Шкендија, но сега како одговорен во спортскиот сектор на тетовскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Цуцули голем дел од својата кариера помина во Шкендија и тоа на четири периоди, а беше и капитен на црвено-црните. Низ годините тој стана и еден од фудбалерите со најмногу настапи за Шкендија со која освои и пет титули.
Екс-фудбалерот пристигнува во период кога во Шкендија се случуваат промени во раководството по срамната елимнација во европските квалификациите од амтерскиот велшки клуб Хаверфордвест.