Организаторите се подготвуваат за почетокот на Дејвис Купот, а пред стартот на претставувањето на учесници направија потег со кој ја налутија српската јавност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Валенсија од 12. до 17. септември ќе биде домаќин на репрезентациите на Србија, Јужна Кореја и Чешка во групата Ц. Турнирот беше најавен со промотивен спорт на кој мапата на Србија беше прикажана без Косово и Метохија.
Сепак, треба да се истакне дека АТП и во минатото покажуваше дека го признава Косово како независна територија, па така овој потег и не е преголемо изненадување.
Дејвис Купот освен Валенсија се игра уште во Болоња, Манчестер и Сплит. Србија својот прв натпревар го игра против Јужна Кореја на 12. септември.