Дома Фудбал Саудиска Арабија ќе игра пријателски натпревари во Англија

Саудиска Арабија ќе игра пријателски натпревари во Англија

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија во септември ќе одигра два пријателски натпревари на стадионот на Њукасл, соопшти денес премиерлигашот.

Њукасл е во сопственост на јавниот инвестиционен фонд од оваа земја кој во 2021 година плати 300 милиони фунти. На стадионот „Сент Џејмс Парк“, Саудиска Арабија ќе ги пречека репрезентациите на Костарика на 8. септември и четири дена подоцна, Јужна Кореја која е предводена од германската легенда Јирген Клинсман.

Влезниците за овој натпревар ќе се продаваат по симболична цена од само пет фунти. Њукасл минатата сезона неколку натпревари, место во традиционално црно-белите дресови играа во бело-зелени дресови кои потсетуваат на саудиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Сан Сиро“: Ференцварош го турна Милан во европски проблеми

Лени Жозеф со два гола му донесе победа од 2-0 на Ференцварош, а Милан по четири кола во Л…