Уште еднаш Јирген Клоп го потврди епитетот на еден од најхаризматичните тренери во светот на фудбалот, кој го следи веќе со години.
Во второто коло од ЛШ, Ливерпул ќе гостува кај Спартак во Москва, а токму во пресрет на тој натпревар во главниот град на Русија на официјалната пред конференција на англискиот тим можеше да се забележи интересна сцена во режија на германскиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп за преведувач доби девојка која не е претерано запознаена со фудбалските термини и имињата на играчите, па настана збрка околу името на фудбалерот на Спартак, Квинси Промес, холандскиот играч за врска.
Имено, еден од новинарите го запраша Клоп дали го очекува Промес во натпреварот, со оглед на тоа дека веќе неколку натпревари пропушти, а девојката која преведуваше се збуни околу зборот Промес и тука на помош и пристапи токму Германецот.
Зеде лист и пенкало, и буква по буква го напиша неговото име и презиме, по што проблемот беше надминат.
Погледнете ја конференцијата во целост, а во делот 6:35 ќе можетеда ја забележите токму оваа харизматична ситуација: