Дома Фудбал Италија ФОТО – Застрашувачки: Погледнете како би изгледал Палермо да НЕ би ги продавал своите играчи

ФОТО – Застрашувачки: Погледнете како би изгледал Палермо да НЕ би ги продавал своите играчи

Палермо е екипа која создава големи играчи, ова ќе го потврди овој застрашувачки состав на играчи кои го напуштија дресот со традиционалната розова боја.

На италијанскиот југ сега би играла една од најдобрите екипи на денешницата, но да не ги продаваа своите играчи. Многу квалитетни играчи, кои сега се наоѓаат во најголемите клубови ширум Европа, кои денеска се не само клупски, туку и светски ѕвезди, го носеа дресот на Палермо, а и не толку одамна. Меѓутоа, откако го покажа својот квалитет, среќата ја пронајдоја во други средини.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Палермо во изминатите десет години продаде одлична екипа за вкупно 162.5 милиони евра, но денеска има многу малку за да покаже од тие продажби, бидејќи се наоѓаат во втората лига. Ако не мораше да ги продава своите најдобри фудбалери, веројатно денеска Палермо би се борел за врвот во Серија А, а некои трофеи би ги пополниле празните витрини на стадионот „Ренцо Барбера“.

Фантастичните 11. играчи кои го напуштија клубот во претходните години навистина изгледаат силно во секој дел од теренот и делуваат како екипа која денеска би се борела за секој трофеј на европско ниво, не само во Италија.

Нападот го прават неверојатното трио, Кавани – Диабала – Белоти, кои сега се водечки стрелци за своите екипи, така и лигата, меѓутоа не треба да се потценува и средниот ред, како и одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…