Дома Фудбал Германија Тухел: Запрепастен сум и крајно разочаран. Ова е алармантно

Тухел: Запрепастен сум и крајно разочаран. Ова е алармантно

Фудбалерите на РБ Лајпциг се победници на германскиот Суперкуп. Тие во Минхен на Алијанц Арена го победија Баерн со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите три гола ги постигна поранешниот играч на Динамо, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.

„Не знам кои се причините за поразот, немам одговор на тоа прашање и тоа е голем проблем. Ова во основа е продолжение на нашиот последен домашен натпревар против Лајпциг. Немам објаснување“, изјави тренерот на Баерн, Томас Тухел.

За Баерн дебитираше Хари Кејн, англискиот напаѓач донесен од Тотенхем за 100 милиони евра.

„Жал ми е за Хари Кејн. Тој веројатно мисли дека немаме тренирано четири недели. Тоа што го покажавме нема врска со она што го правевме и што сакаме да го правиме. Ова е горчлив пораз, жал ми е. Немам решение во моментов. Запрепастен сум и крајно разочаран. Ова е алармантно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…