Дома Фудбал Англија Алан Ширер посебно се израдува на трансферот на Кејн во Баерн

Алан Ширер посебно се израдува на трансферот на Кејн во Баерн

Утрово Хари Кејн доби зелено светло да го комплетира трансферот во Баерн, иако е се договорено и трансферот ќе се реализира, сепак се е одложено за неколку часа.

 Имено, најдобриот напаѓач на Англија пристигнал во 10:30 часот да полета за Минхен, но првиот човек на Тотенхем го блокирал летото со цел да извлече повеќе пари од Баерн во последен момент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако е потврдено дека Леви ја „закочил“ работата, сепак трансферот е само одложен и комплетната реализација не се доведува во прашање.

Со урнебесна објава на оваа ситуација се јави Алан Шириер. Неодамна Ширер изјави дека сам би го возел Кејн до Минхен за да остане актуелен неговиот рекорд по бројот на постигнати голови во Премиер лигата.

Токму поради таа изјава сега објави фотографија на која се стави во улога на пилот со опис:

„Ајде Хари, време е одиме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Технолошка иновација ќе дебитира во Серија “А” на дербито меѓу Јувентус и Интер

Саботното дерби меѓу Јувентус и Интер ќе се претвори во првиот натпревар во историјата на …