Не и е лесно на грчката полиција во овие денови која прави се за да не дозволи нови судири помеѓу хулиганите. Инцидентот во понеделеникот во кој загина 29-годишниот фан на АЕК, Михалис Кацурис донесе тензична атмосфера која можеше да се забележи и денес.
Денес започна испитувањето на приведените навивачи, а пред судот во Атина хрватските навивачи беа дочекани од фанови на АЕК кои сакаа одмазда. Сепак, полицискиот кордон не дозволи судир помеѓу двете групи.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Ќе се испитуваат 105 навивачи, а најголем дел од нив се Хрвати, иако има и Грци, но и еден Албанец кој е помеѓу потесниот круг осомничени за убиството. Како главни осомничени за убиството на Кацурис се уште еден Хрват и тројца Грци, засега не може да се потврди кој го сторил делото.
Ситуацијата пред судот денес беше тензична, останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.