Дома Трансфер зона Евертон спреми 45 милиони евра за напаѓач кој веќе има 31 година!?

Евертон спреми 45 милиони евра за напаѓач кој веќе има 31 година!?

Евертон ова лето потроши скоро 160 милиони евра на засилувања, но не успеаа да доведат замена за Ромелу Лукаку…

Роналд Куман до самиот финиш на преодниот рок чекаше на Диего Коста. Беше спремен на Челзи да му исплати сума од 70 милиони евра. „Сините“ ја прифатија оваа понуда, но Коста сакаше само во Атлетико и ништо друго.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблемот со главниот напаѓач во Евертон остана отворен. „Карамелите“ запишаа порази на половина од натпреварите во Премиер лигата на стартот од сезоната и постигнаа само четири погодоци на шест натпревари, па јасно е каде е проблемот.

Евертон мора да пронајде вистински голгетер, Руни повеќе не е таков, Сандро Рамирез никогаш не бил, а Умар Нијас и покрај двата погодоци против Бурнемоут и понатаму не добива поголема минутажа.

Последните информации од Англија говорат дека Евертон во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру кој веќе има 31 година, а за неговите услуги се спремни да понудата и 45.5 милиони евра.

Французинот и во текот на летото беше на мета на Евертон, но како што кажавме „карамелите“ беа фокусирани на Коста и ризикуваа да го чекаат Шпанецот до последен момент што се покажа како лош потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…