Лука Дончиќ, НБА ѕвездата и еден од најдобрите светски кошаркари, даде интервју во кое призна дека е главниот виновник за големото разочарување кое владее во неговата Словенија.
Дончиќ пред да оди во НБА имаше големо искуство со Словенија на Евробаскетот. Тој го освои трофејот во 2017 година на само 18 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потоа во 2021 година ја предводеше Словенија до првите Олимписки игри, но во 2022 година Словенија остана без медал на ЕП.
Иако Дончиќ и тогаш брилјираше, постигнувајќи 47 поени против Франција, Словенија во четвртфиналето неочекувано загуби од Полска.
Дончиќ делуваше чудно, импотентно, надиграно, во лоша физичка форма, со проблеми со грбот и без решение против репрезентацијата која на хартија беше аутсајдер против Словенија.
Сега, пред Светското првенство во 2023 година, Лука Дончиќ зборува за тоа лошо искуство во Берлин:
„Го разочарав мојот тим. Ја разочарав целата моја земја. Тоа беше моја вина“, изјави Дончиќ.
Сепак, Дончиќ, за разлика од другите НБА ѕвезди, не ни помислувал повеќе да не биде со својата репрезентација, за што увери по многу тешкиот пораз од Полска: „Ќе се вратам. Секогаш ќе играм за Словенија ако не бидам повреден“.
Овој пат имаше повеќе време за одмор бидејќи Далас Маверикс не стигна ни во плејофот во петтата сезона на Дончиќ во НБА, што е катастрофален резултат по Западното финале во 2022 година.
“Ова беше многу долго лето за мене, но многу сум среќен што се вратив на вистинскиот пат. Немам играно од 10 април, па со нетрпение го чекам Светското првенство.
Целта е иста како и секогаш: кога одам на првенството, на ум ми е да го освојам. Што ќе се случи тогаш е друга работа, но целта е секогаш тоа“.
Тој признава и дека ужива да игра за Словенија и дека Мундобаскетот нема да му служи само како подготовка за новата сезона во НБА.
„Ова не го гледам како подготовка за сезоната во НБА. Репрезентацијата нема никаква врска со тоа што се случува со Далас, нема никакво влијание.“ заклучи генијалниот Словенец.