Дома Фудбал Лига на шампиони Конте против Атлетико без стандардниот првотимец?

Конте против Атлетико без стандардниот првотимец?

konte

Италијанецот има јасен план.

Прв од стандардните првотимци на Челзи кого Антонио Конте го исклучи од стартните 11 беше Диего Коста, а следен кој би можел да се соочи со такво нешто е Гери Кејхил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После црвениот картон во првото коло и подолгата суспензија, сега кога нема што да ротира во дербито од Лигата на шампионите ќе може да се види на кого Антонио Конте смета во иднина.

Кејхил не беше стартер во последниот натпревар на Челзи во Премиер лигата против Стоук, но Италијанецот во овој натпревар одмараше поединци за натпреварот против Атлетико, па тој натпревар не е мерило.

Сега кога во игра е Давид Луиз, изгледа дека Кејхил ќе биде изоставен и во Лигата на шампионите.

„Коне не може да му гарантира на Гери Кејхил дека ќе биде стартер во Мадрид“, пренесува новинарот Симон Џонсон.

Наводно, Конте во најважните натпревари ќе смета на триото Луиз, Рудигер, Аспиликуета, а дали навистина Кејхил ќе биде префрлен на клупата за резерви ќе можеме да дознаеме кога Челзи ќе гостува во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…